Emel Gözellik
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Конгресот на САД, на седницата на која беа броени гласовите на Изборниот колеџ, официјално потврди дека демократскиот кандидат Џо Бајден победи на претседателските избори одржани во ноември 2020 година во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конгресот, кој повторно се состана по упадот, го продолжи процесот на броење на гласовите на делегатите, и официјално потврди дека Бајден победи на претседателските избори.
На заедничката седница на членовите на Сенатот и Претставничкиот дом во Конгресот, предводена од потпретседателот на САД, Мајк Пенс, гласот на секој делегат беше прочитан наглас по азбучен ред.
Со регистрирање на резултатите од сојузната држава Вермонт на седницата во Конгресот на САД, Џо Бајден го премина прагот од 270 делегати и официјално стана претседател.