Ekip
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
СЕУЛ (AA) - Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска во Токио се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, за да разговара за соработката и решавање на безбедносните предизвици кои, меѓу другото, претставуваат нуклеарните тестирања на Северна Кореја и нејзиното лансирање на балистички рактери, јавува Anadolu Agency (AA).
Абе и Столтенберг во заедничко соопштение силно ги осудуваат нуклеарните тестирања на Северна Кореја и лансирање на балистичките ракети со што таа земја прекрши повеќе резолузии на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Двајцата функционери ги повикаа членките на ОН во потполност и транспарентно да ги спроведат релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН и да, како што наведоа „применуваат решавачки притисок на севернокорејксиот режим да се откаже од својата нуклеарна и балистичка програма".
Во соопштението Абе и Столтенберг изразуваат загриженост за ситуацијата во Источно и Јужно кинеско море, каде Кина е во спор со помалите соседи околу територијалните прашања.
„Повторно го потврдуваме нашето спротивставување на едностраните принудни постапки кои би можеле да го сменат статус кво и да ги зголемат тензиите", наведоа јапонскиот премиер и генералниот секретар на НАТО.