Mohammad Fahim Abed
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул врз возило во кое се наоѓале вработени во Министерството за образование, загинаа две, а пет лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за образование, Mуџиб Мехридат, изјави дека во областа Keмерија била поставена експлозивна направа која се активирала во моментот кога возилото поминувало оттука.
Тој додаде дека загинатите и повредените лица биле вработени во министерството за образование. Како што нагласи Мехридат повредените лица се хоспитализирани, и не се наоѓаат во животна опасност.
"Комбето наеднаш се крена во воздух. Кога си дојдов при себе, јас бев надвор од возилото. Сите лежевме во крв", изјави возачот Ахмед Наџиб.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.