Sayed Khodaberdi Sadat
20 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Девет лица го загубија својот живот, додека стотици куќи останаа под вода, како резултат на поплавите предизвикани од поројните дождови во авганистанските покраини Белх и Кузкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Дирекцијата за менаџирање на природни катастрофи во Белх, Раматулах Захид, истакна дека поројните дождови кои неколку дена ја зафатија покраината Белх, предизвикаа поплави во овој регион, при што, животот го загубија девет лица, а оштетени се стотици куќи.
Од друга страна, претседателот на Дирекцијата за менаџирање на природни катастрофи во Кузкан, Фаизулах Садат, изјави дека бројни села останале под вода во подрачјата на Фаизабад и Акча, кои се наоѓаат во Кузкан.
Садат информираше дека во двете подрачја се оштетени 1.500 куќи, и дека стотици семејства биле спасени со хеликоптери. Тој рече дека операциите за пребарување и спасување се во тек, и додаде дека под вода останале илјадници хектари земјиште.