Sayed Khodaiberdi Sadat
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
КАБУЛ (АА) - Талибанците во последните 24 часа ја презедоа контролата над седум окрузи во провинциите Бадахшан, Кандахар и Пактиа, јавува Анадолија Агенција (АА).
Заменик-челникот на Советот на Бадакшан, Ахмет Џавид Муџедеди, за новинарите изјави дека милитантите започнале вооружен напад врз подрачјето на Коф Аб, Рагистан, Џурум, Шахр-и Бузург и Јафтал.
Истакна дека тие места паднале под контрола на талибанците откако безбедносните сили се повлекле.
Тој додаде дека и двете страни претрпеле човечки загуби во судирите, напоменувајќи дека 12 од 28-те окрузи на Бадакшан сега се под контрола на талибанците.
Талибанците вчера ја презедоа контролата и над окрузите Вардуч, Драим, Тегаб, Кишим и Тишкан во Бадакшан.
Бадакшан се наоѓа во стратешки регион во североисточен Авганистан, на границата со Таџикистан, Кина и Пакистан.
Ситуацијата во Авганистан се влоши откако американскиот претседател Џо Бајден најави дека сите американски сили ќе се повлечат од земјата зафатена со војна до 11 септември, а и сојузниците на НАТО најавија дека ќе го сторат тоа.
Мировниот процес во Авганистан е сè понеизвесен, а со повлекувањето на странските мировни сили дојде до интензивирање на насилството во земјата.
Талибанското движење во изминатите два месеца ја презеде контролата над 45 дистрикти во Авганистан и во моментов контролира повеќе од 13 регии во земјата.
Според податоците на ОН, талибанците контролираат меѓу 50 и 70 отсто од територијата на Авганистан.
Судирите помеѓу авганистанските сили и талибанците траат во најмалку 190 дистрикти.