Sayed Khodaberdi Sadat
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската провинција Вардак, талибанските милитанти изведоа напад врз воен камп. Во нападот животот го загубија 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанската провинција Вардак, Абдулрахман Мангал, на новинарите им изјави дека во нападот учествувале четворица напаѓачи. Едниот, кој на себе имал експлозив, го активирал на влезот од кампот, а по експлозијата, останатите напаѓачи отвориле оган врз безбедносните сили.
Портпаролот информираше дека вооружениот судир траел два часа, по што тројцата напаѓачи се неутрализирани.
Салим Асгархил, главен доктор во болницата во Вардак, изјави дека во нападот животот го загубиле 12 лица, а 28 се ранети.
Талибанската организација, која ја презеде одговорноста за нападот, тврди дека во нападот животот го загубиле повеќе од 100 припадници на безбедносните сили.