Sayed Khodaberdi Sadat
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
КАБУЛ (АА) - Според најновите информации, најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во два бомбашки напади што се случија во главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Вахид Макрух, за АА потврди дека во регионот Арзан Кимат денес се случиле два одделни напади, еден во полициска станица и во разузнавачкиот центар.
Во нападите загинаа најмалку три, а ранети се 38 лица.
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Авганистан се наведува дека првиот напад е изведен со автомобил-бомба врз полициска станица, по што напаѓачот влегол во зградата.
Судирот со безбедносните сили во полициската станица сè уште трае.
По нападот врз полициската станица, изведен е и втор напад врз разузнавачкиот центар во Кабул. Безбедносните сили притоа неутрализирале двајца напаѓачи.
Одговорноста за двата напади ја презедоа талибанците.