АНКАРА (АА) - МЕХМЕТ ОЗТУРК / СОРВАР АЛАМ -
Пратеникот од авганистанската покраина Тахар, Хамидудин Јолдаш, кој е дипломирал во Турција, истакна дека авганистанскиот народ ги смета за одговорни Соединетите Американски Држави за одговорни за продолжување на хаосот во земјата.
Јолдаш во разговор за Агенција Анадолија (АА) говореше за иднината на мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и Талибанците, за односите помеѓу неговата земја и Турција, како и за улогата на САД во авганистанската политика.
Тој е дипломирал на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Селчук во Турција преку програмата за стипендии овозможена од страна на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).
Како што рскажа, по завршување на студиите се вратил во Авганистан, каде извесно време работел во Министерството за правда, а потоа до 2018 година работел на активностите за здравство и инфраструктура на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
Јолдаш рече дека заедно со хуманитарните организации од Турција, како ИХХ, започнале активности во врска со сираците и дека досега тие го финансирале образованието на околу 3.000 сираци во Авганистан.
Како што рече тој, организираат активности и во областа на здравството и стручно стекнување образование. Јолдаш рече дека психолошките проблеми кај повеќе луѓе предизвикани од долгогодишната војна во земјата, како и недостатоците во областа на инфраструктурата и образованието, се меѓу најголемите проблеми со кои моментално се соочува Авганистан.
Јолдаш истакна дека продолжувањето на војните и конфликтите врз снова на етничките структури му наштетуваат на единството помеѓу авганистанскиот народ.
Јолдаш, периодот на Талибанците го опиша како „црна кутија" за Авганистан, критикувајќи ги тогашните практики на Талибанците.
Исто така, тој нагласи дека по соборување на талибанскиот режим во 2002 година, Авганистан поминал 18-годишен период на демократизација, и дека оваа демократија која била донесена однадвор без да се формира соодветна основа, е рана демократија за авганистанскиот народ кој е поврзана со своите традиции и својата вера.
„Не можете да раководите со една земја преку увезување бирократи од странство. Оваа состојба се уште продолжува. Доколку проектите и работите од 2001 до 2021 година беа спроведени како што треба, тогаш денес Авганистан ќе беше доведен во многу различна позиција. Денес нашиот народ не ќе беше принуден да се соочи со таква сиромаштија и не ќе беше принуден да води борба против војната“, рече Јолдаш.
Тој вели дека во Авганистан нема партиски изборен систем и дека кандидатите во изборите се кандидираат независно и избраните пратеници меѓусебно формираат групи во парламентот.
„Без да завршат етничките конфликти или без да се постигне помирување во Авганистан, ќе се соочиме со уште многу проблеми“, нагласи тој, додавајќи дека која етничка група има повеќе пратеници во парламентот, се реализира тоа што ќе кажат тие.
Запрашан дали авганистанскиот народ има доверба во политиката, Јолдаш одговори:
„Ако на тоа ќе одговорам земајќи го во предвид 18-годишниот период и моменталната влада, тогаш сите го знаат следното: Владата е формирана и поддржана од страна на Американците. Авганистанскиот народ го знае тоа, но го знаеме и следното: Американците изгубија во Авганистан. На ниту еден начин не го постигнаа она што го сакаа, но и она што го сакаше авганистанскиот народ. Тоа треба да се признае. Од друга страна, луѓето треба да застанат со политика врз основа на етничка структура во Авганистан. Тоа е неопходно.“
„Моментално Авганците пред се немаат доверба во Америка која го донесе овој систем, и Америка ја сметаат за одговорна за продолжувањето на хаосот денес, и за немањето безбедност. Некому му одговора тоа што продолжува хаосот во Авганистан и некако сакаат да продолжи тоа. Продолжувањето на хаосот им одговара на оние кои го моментално го искористуваат овој хаос“, истакна Јолдаш.
- „Турција е земја со најмногу хуманитарни организации во Авганистан“
Во разговорот, авганистанскиот пратеник се осврна на односите помеѓу Турција и Авганистан, истакнувајќи дека односите помеѓу овие две земји се воспоставени одамна.
„Турција секогаш стоеше покрај Авганистан. Турција е земја со најмногу хуманитарни организации во Авганистан. Авганистанскиот народ се обидува да ги закрепнува своите рани преку помошта на Турција. Сметаме дека Турција треба да биде уште поактивна во Авганистан, и да има повеќе право на збор, како и да се занимава одблизу со настаните, дури и да ги ориентира“, нагласи Јолдаш.
Според него, помеѓу Авганистан и Турција постои соработка во повеќе области, пред се во политичка, културна и трговска област, а како што подвлече, Турција може да придонесе и во авганистанската политиката.
„Бројни земји се бават со политика врз основа на своите интереси во Авганистан. Турција е единствена земја која стои покрај Авганците без да има некој подмолен план. Сметам дека Турција треба да биде уште поактивна со цел политиката во Авганистан да се ориентира кон позитивна насока“, додаде Јолдаш.
Тој рече дека мировните преговори помеѓу Талибанците и Владата на Авганистан се многу вреден и важен чекор, нагласувајќи дека седнувањето на една маса на две страни кои меѓусебно војуваат, е многу значаен настан.
Осврнувајќи се на ставот на Талибанците за време на преговорите, Јолдаш истакна: „Талибанците уште повеќе ги отежнуваат овие преговори. Поставуваат услови кои не може да се исполнат. На пример, поставуваат многу остри услови за прашањата какви што се промена на режимот и уставот, човековите права, слобода на мислење и правата на жените. Претходно истакнуваа дека нема да го напуштат оружјето доколку во Авганистан ќе има дури само еден странски војник, а потоа отидоа и постигнаа договор со Американците.“.
Од друга страна, Владата на Авганистан треба да формира национален совет кој ќе ги вклучува сите страни со цел мировните преговори да бидат поефективни и посеопфатни, како и заедно да ја подготват мапата на патот. Според него, со цел се постигне усогласување, потребно е да има единство.
„Доколку на авганистанската Влада и на Талибанците ќе им се овозможи слободна волја, тогаш помирувањето е можно“, рече тој, додавајќи дека со цел се постигне помирување, потребно е да има примирје во потполна смисла, како и дека не треба да се игнорираат регионалните сили.
Јолгаш потенцираше дека Турција е многу вредна дестинација за младите Авганци кога е во прашање образованието. Тој додаде и дека Турција е земја која младите Авганци најмногу ја преферираат за студирање, упатувајќи благодарност до турскиот народ за поддршката дадена за овие студенти.
news_share_descriptionsubscription_contact
