Talha Yavuz
31 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
КИЕВ
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека ослободени се шест украински морнари кои беа киднапирани на територијалните води на Нигерија од страна на пиратите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски оваа информација ја потврди преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Тој упати благодарност до украинските дипломати и до сите кои имале удел во ослободувањето на морнарите.
Украинскиот претседател ослободени се шест украински морнари од екипажот на бродот „Стевиа“ кој пред еден и пол месец беше киднапиран на територијалните води на Нигерија.
„Нашите граѓани се безбедни и наскоро го очекуваме нивното враќање во татковината“, додаде Зеленски.