Islam Uddin
11 Декември 2024•Ажурирај: 16 Декември 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Клучниот министер во привремената администрација на авганистанските талибанци загина денес во експлозија во главниот град Кабул, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
„Калил Рехман Хакани, вршител на должноста министер за бегалци и репатријација, загина денес во експлозија во зградата на Министерството“, јавува кабулскиот „Толо њуз“.
Администрацијата на талибанците сѐ уште не издаде соопштение за инцидентот.
Медиумите, исто така, објавија дека во експлозијата загинале и неколку други лица.