Ayhan Şimşek
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
БЕРЛИН (АА) – Израел во текот на викендот го преместил својот официјален владин авион во Германија од безбедносни причини, потврди денес портпаролот на германскиот канцелар, јавува Анадолу.
Штефан Корнелиус, портпарол на германскиот канцелар Фридрих Мерц, на прес-конференција во Берлин изјави дека во авионот немало израелски владини претставници кога пристигнал на аеродромот во германската престолнина во саботата.
„Израелската Влада побара да го паркира овој авион тука. Со задоволство одговоривме позитивно на тоа барање“, рече Корнелиус, додавајќи дека при пристигнувањето во Берлин во авионот бил присутен само екипажот.
Авионот, познат како „Крилото на Цион“, во саботата полетал од Израел, што предизвика шпекулации на социјалните мрежи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можеби се упатил кон Германија.
Податоците од следење на летовите покажале дека авионот заминал од Израел рано попладнето во саботата, кружел со часови над Средоземното Море, по што се упатил кон Германија и слетал во Берлин истата вечер.
Специјално опремениот „Боинг 767“ служи како официјален авион за прекуокеански патувања на израелскиот претседател и премиер. Според израелските медиуми, авионот е опремен со напредни системи за безбедна комуникација.