Betül Yürük
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ЊУЈОРК
Како резултат на рушење на мал авион во американската сојузна држава Јута, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно бебе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на американските медиуми, малиот авион од типот „Piper PA-32“ во кој се наоѓале 6 лоца, се сруши во Солт Лејк Сити.
Се вели дека во несреќата загинаа 3 лица, од кои еден пилот, една жена и едно бебе.
Според соопштеното, во авионската несреќа повредени се и три лица, од кои 2 деца.
Како резултат на несреќата, оштетени се и 3 куќи, додека повредена е и една постара жена која се наоѓала во една од овие оштетени куќи.