Berk Özkan
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Како што се соопштува, во телефонскиот разговор Абас го поздрави отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi).
Според соопштеното, Абас упати честитки до Ердоган и до турскиот народ, посакувајќи овој историски настан да биде за доброто на исламскиот свет.
Во разговорот двајцата претседатели разговараа за односите мешу Турција и Палестина, како и за регионалните прашања.
Во соопштението се нагласува дека Ердоган рече дека Турција ќе продолжи со поддршката за Палестина.