Aşkın Kıyağan
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ВИЕНА
Властите на Австрија почнаа да ги ублажуваат мерките кои се воведени во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), со што по месец и половина отворени се трговските центри и фризерските салони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Австриската се одлучи на ублажување на рестриктивните мерки откако дојде до пад на дневниот број на заразени и зголемување на бројот на излекувани лица.
Во Австрија вчера се завршени сите ограничувања на движење на луѓето, а денес почнаа со работиа сите субјекти, со исклучок на оние во секторите на туризмот и гастрономијата.
Отворањето на трговските центри, фризерските и козметичките салони се големи чекори кон нормализација на секојдневието во Австрија.
Бројни граѓани денес повторно ја искористија можноста за пазарување, како и за посета на фризерските салони.
Синан Демиркопаран, фризер во Виена, во изјава за АА рече дека голем број муштерии дошле на стрижење откако по речиси два месеци пауза, колку што не работеа салоните.
Тој рече дека се почитуваат препораките за хигиенските услови и социјална оддалеченост меѓу муштериите.
„Направивме дистанца меѓу столовите за муштериите. Користиме посебни маски, а муштериите ги примаме според закажани термини и избегнување гужва во салонот. Не работевме речиси два месеци и очекуваме помош од државните власти", рече Демиркопаран.
Австриските власти најавија дека во наредната фаза на релаксација на мерките во борбата против коронавирусот на 15 мај повторно ќе бидат отворени училиштата, верските објекти и ресторани, а дека на 29 мај ќе бдат отворени и хотелите, зоолошките градини и затворените базени.
Според последните податоци на Министерството за здравство во Австрија од Ковид-19 се заразени 15.506 лица, а починаа 596 заболени лица.