Mahmut Geldi
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
БЕЈРУТ (АА) - Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдурахман ал Тани, истакнувајќи дека односите меѓу Катар и Турција се многу силни и стратешки, истакна дека Турција е земја со која односите се приоритет, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Политички се согласуваме за многу прашања. Едно од тие прашања е и да му помогнеме на сирискиот народ“, нагласи Ал Тани.
Катарскиот министер за весниците „Ал Араб ал Џедида“, со седиште во Лондон и „Ал Мудун“, со седиште во Либан, се осврна на ескалацијата на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, за односите меѓу Турција и Катар и случувањата во регионот.
Наведувајќи дека неодамнешните настани во Ирак, тензиите меѓу САД и Иран ја доведоа во нова фаза, Ал Тани рече дека тие како Катар ги направиле сите напори за да ја намалат кризата.
Ал Тани се осврна и на односите меѓу Катар и Турција, за кои рече дека се многу силни и стратешки, особено во областите како што се безбедноста, одбраната, трговијата и економијата.
„Турција е земја со која нашите односи се приоритетни. Политички се согласуваме за многу прашања. Едно од тие прашања е и да му помогнеме на сирискиот народ. Турција ја презеде одговорноста за голем дел од Сиријците и се соочи со безбедносните проблеми кои се должат на колапсот на безбедносната состојба во Сирија. Катар е заедно со Турција во однос на овие прашања. Ние сакаме ситуацијата во Сирија да се смири, да се обезбедат интересите на народот и да се најде политичко решение“, нагласи Ал Тани.
Тој, осврнувајќи се на ставот на Турција за кризата меѓу Катар и некои други арапски земји, рече: „Турција, од почетокот на заливската криза достоинствено застана до Катар. Во еден тежок период кога и нашите соседи, под политички притисок на некои земји, нѐ напуштија и беа против нас, Турција го поддржа народот на Катар. Ете таа нејзина поддршка нема да ја заборавиме и ќе застанеме до Турција, секогаш кога ќе ѝ биде тешко.“
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет, на 5 јуни 2017 година ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар и спроведоа економска блокада, која предизвика криза во Заливот.
Ал Тани осврнувајќи се на конференцијата за Либија која се планира да се одржи во Берлин во текот на овој месец, рече дека Катар не е поканет поради одредени причини кои потекнуваат од земјата домаќин или од Обединетите нации (ОН).
И покрај тоа што не се поканети на конференцијата, Ал Тани истакна дека ќе го поддржат процесот за политичко решение на кризата во Либија.
„Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, откако виде дека земјите кои ги поддржуваат нелегитимните сили кои го напаѓаат Триполи се повеќе отколку земјите кои ја поддржуваат легитимната Влада за национално единство (UMH), побара Катар да биде поканет на конференцијата во Берлин, затоа што сакаше на конференцијата да има рамнотежа. Да бевме таму, ќе се создадеше таа рамнотежа“, рече Ал Тани.