Mustafa Melih Ahıshalı
06 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Советникот за меѓународни односи на иранскиот лидер, ајатолахот Али Хаманеи, Али Екбер Велајети, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да го напуштат регионот, и дека во спротивно, тој простор ќе биде втор Виетнам за нив, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според новинската агенција „Фарс“, Велајети на програмата по повод комеморацијата за генералот Касим Сулејмани, одржана на Универзитетот „Шехид Бехешти“ во Техеран, истакна: „Американците направија глупава работа со убиството на Сулејмани, треба да го напуштат регионот. Ако САД не го напуштат регионот, тој за нив ќе стане втор Виетнам.“
Велајети, исто така изјави дека Сулејмани имал блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин и дека тој е архитект на коалицијата Иран-Русија.
- Убиството на Сулејмани -
Пентагон соопшти дека на 3 јануари, во близина на аеродромот во Багдад убиени се Касим Сулејмани, челникот на елитните сили „Кудс“ на Исламската револуционерна гарда и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација.
Во нападот, покрај Сулејмани и ирански офицери, загинаа вкупно 10 лица, од кои петмина се од Ирак.
Иранскиот лидер Ајатолах Хаменеи во својата прва изјава по инцидентот рече дека ќе им се одмаздат на Соединетите Американски Држави (САД).