Gülşen Topçu
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Џошуа Харис, вршителот на работите на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Триполи, истакна дека САД се залагаат за суверенитетот и територијалниот интегритет на Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата споделена на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД, Харис остварил средба со либискиот вицепремиер, Ахмед Маитик, и министерот за внатрешни работи, Фетхи Башага, во рамките на неговата посета на градот Мисрата.
Посетата е реализирана со цел консултација со либиските власти за спречување на ескалацијата на тензиите во Сирт и Џуфра и заживување на енергетскиот сектор.
Наведувајќи дека САД го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либија, Харис истакна дека странските сили и платениците треба да ја напуштат земјата.
Харис, исто така, нагласи дека САД го ценат придонесот на владините сили во борбата против тероризмот.