Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море
Морнарицата соопшти дека F/A-18E бил „влечен во хангарот кога персоналот ја изгубил контролата врз авионот“, што предизвикало авионот и возилото за влечење да паднат во морето.

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу.
„УСС Хари С. Труман (CVN 75) изгуби еден F/A-18E Супер Хорнет од Ескадрилата јуришни ловци (VFA) 136 и возило за влечење додека носачот спроведуваше активности во Црвеното Море“, се вели во соопштението на морнарицата.
Сите припадници на персоналот се во ред, само еден морнар претрпел полесни повреди, додадоа оттаму.
Морнарицата соопшти дека F/A-18E бил „влечен во хангарот кога персоналот ја изгубил контролата врз авионот“, што предизвикало авионот и возилото за влечење да паднат во морето.
„Морнарите што го влечеле авионот презеле итни мерки за да се оддалечат од авионот пред да падне во морето“, се вели во соопштението.
Истрагата за инцидентот е во тек.
Истакнувајќи дека „Јуришната група на носачот на авиони 'Хари С. Труман' и Воздухопловното крило на носачот остануваат целосно способни за мисии“, се нагласува во соопштението и се додава дека Јурушната група ги вклучува „Хари С. Труман“, деветте ескадрили на Воздухопловното крило 1 на носачот на авиони, три уништувачи со наведувани ракети од Ескадрилата уништувачи 28 и крстосувачот „Гетисбург“.