Islam Uddin
31 Јануари 2024•Ажурирај: 01 Февруари 2024
СЕУЛ (АА) - Американски борбен авион Ф-26 се урна во море близу западниот брег на Јужна Кореја, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Пилотот е спасен по катапултирањето од авионот и е во стабилна состојба, извести агенцијата „Јонхап њуз“ со седиште во Сеул.
„Млазниот авион што му беше доделен на 8. борбено крило во воздушната база Кунсан, околу 180 километри јужно од Сеул, доживеа ‘итна ситуација во лет’ над Жолтото Море и се урна околу 8:41 часот наутро“, објави агенцијата, повикувајќи се на американското воено воздухопловство.
Ова е трета несреќа на Ф-16 во Јужна Кореја во период од една година, откако минатиот месец борбен авион Ф-16 се урна во Жолтото Море за време на рутинска обука. И во мај минатата година уште еден авион се урна во близина на воздухопловната база Осан во Пјонгтек, информираше „Јонхап њуз“.