Ekipa
19 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ХАГАТНА (АА) - Авионот на американските воздухопловни сили Б-52 се сруши во Гуам кратко по неговото полетување, при што сите седум членови на екипажот останаа неповредени, соопштија воздухопловните сили на САД, јавува Anadolu Agency.
На авионот, кратко по неговото полетување околу 8:30 часот по локално време избил пожар, а како што е соопштено, паднал на пистата во базата.
Бомбардерот Б-52 бил распореден во Гуам од Минота, Северна Дакота, како поддршка на воздухопловните сили во Пацификот.
Членовите на екипажот припаѓаат на 69-от експедициски бомбашки состав и се наоѓале на рутински тренинг.
Отворена е истрага во врска со инцидентот, а воздухопловните сили истражуваат дали постои можност да имало протекување на масло или гориво од авионот, бидејќи полетал со резерворан полн со гориво.
Од воздухопловните сили соопштено е дека не постои опасност за населението бидејќи станува збор за оружје кој авионот го носел.
Американските воздухоплoвни сили со систем на ротација праќаат авиони Б-1, Б-2 и Б-52 во Гуам од 2004 година со цел да го потпомогнат американското безбедносно присуство во Азиско-пацифичкиот регион.
Авион од типот Б-52 се сруши во Гуам 2008 година при што загинаа сите шест членови на екипажот.
Гуам е американска територија која се наоѓа 3.700 милји југозападно од Хаваите.