Rania R.a. Abushamala
24 Април 2025•Ажурирај: 25 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Американски воени авиони вчера извршија шест воздушни напади, насочени кон јеменската северна покраина Сада, соопштија Хусите, пренесува Анадолу.
„Во шест американски воздушни напади е погодена областа Сахлин во округот Ал-Салем“, објави телевизијата Ал-Масира, блиска до Хусите, на платформата Х.
Засега нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Американската страна сè уште не објави официјално соопштение за нападите.
Од ноември 2023 година Хусите напаѓаат бродови што пловат по Црвеното и Арапското Море, теснецот Баб ел-Мандеб и Аденскиот Залив, како дел од нивната поддршка за Палестинците во Појасот Газа, каде што од октомври 2023 година во израелските напади се убиени над 51.300 лица.
Групата ги прекина нападите во јануари кога беше постигнат прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас, но ги продолжи откако Израел ги обнови воздушните напади врз енклавата минатиот месец.