Emel Gözellik
25 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
ВАШИНГТОН
Американските медиуми тврдат дека предизборната кампања на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден е подджана со „црни пари", пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бајденовата кампања наводно е поддржана со 145 милиони долари од неименувани донатори, демократите реагираа на тие донации, кои со години се опишуваат како „црни пари", објави Блумберг.
Се наведува дека донациите собрани за Бајден засенија 28,4 милиони долари собрани за неговиот противкандидат и сега поранешен претседател Доналд Трамп.
Истовремено, соборен е претходниот рекорд од 113 милиони долари собрани за републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во 2012 година.