Ali H. M.Abo Rezeg
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ЕРБИЛ (АА) - По вчерашната посета на Багдад, американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, денес пристигна во неочекувана посета на Ербил, административното седиште на Регионот на курдската самоуправа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Картер во Ербил се состана со претседателот на Регинот на курдската самоуправа во Ирак, Месут Барзани, при што е разговарано за актуелната операција за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ во која учествуваат и силите на Пешмерга, вооружените сили на ирачките Курди.
Во врска со операцијата за Мосул како и за состојбата во регионот, Картер вчера во Багдад одржа разговори и со највисоките претставници на ирачката влада.
Пред посетата на Ирак, Картер во петокот во Анкара се сретна со највисоки официјални претставници на Турција, а една од темите на кои е разговарано за време на неговите средби во Ирак е и прашањето за учеството на турските вооружени сили во операцијата за ослободување на Мосул.
По посетата на Турција, Картер изјави дека САД и Турција се согласиле турските војници да учествуваат во операцијата за ослободување на Мосул, и изрази надеж дека тоа ќе го одобри и Владата на Ирак.