Cüneyt Karadağ
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, истакнa дека верува во тоа дека Украина ќе ја добие војната против Русија, и рече дека како сојузници САД ќе продолжат со помошта со оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на состанокот на советодавната група за одбрана и безбедност за Украина во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија, американскиот секретар за одбрана Остин нагласи:
„Мојата посета на Киев го засили мојот восхит од начинот на кој Украинските вооружени сили ги користат своите способности. Сите што се тука јасно веруваат дека Украина може да победи.“
Нагласувајќи дека преку 40 земји се решени да направат сè што можат за да ги задоволат потребите на Украина додека трае војната, Остин додаде: „Имаме уште работа. За да победи, на Украина ѝ треба нашата помош. Ќе им треба нашата помош и кога војната ќе заврши.“
„Русија води војна за да ги задоволи амбициите на еден човек. Украина води војна за да ја брани својата демократија, суверенитет и граѓани, но ризиците ја надминуваат Украина, па дури и Европа“, истакна Остин.