Safvan Allahverdi
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот Сенат го обнови Законот за надзор на странски разузнавачи (FISA), кој на Владата, во рамките на земјата ѝ овозможува да спроведува електронско прислушување и набљудување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Законот за кој не можеше да се гласа поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), и чиј рок на важност истече, со 80 „За“ и 16 „Против“, повторно е продолжен на Генералното собрание на Сенатот.
Вниманието го привлече фактот што се направени одредени измени во обновениот закон кој на Владата ѝ овозможува да собира информации за поединци, што претходно предизвика големи полемики во јавноста бидејќи во исто време тој е во спротивност со Законот за слобода.
Во тој контекст, побарано е да се додаде поголема правна заштита на единката која е под истрага од страна на судот, додека за прислушување на службеник или политичар потребен е потпис од страна на јавниот правобранител.
Законот за надзор на странски разузнавачи кој во март, по изгласувањето во Пратеничкиот дом беше испратен до Сенатот, поради извршените измени повторно ќе биде вратен на одобрување во Претставничкиот дом.
Законот кој стапи во сила по нападот на 11 септември и на разузнавачките единици им додели широки овластувања составени од три дела, покрај тоа што дава право за секој вид на следење на осомничените за тероризам, содржи и точки кои ѝ овозможуваат на разузнавачката служба кон лицата во кои се сомнева, а кои немаат официјални врски со какви било терористички организации, да собираат разузнавачки информации за тие лица.
Меѓутоа, делот од законот кој предизвика најголеми полемики во јавноста претставува точката 215, според која телефонските записи на Американците направени од страна на разузнавачките единици ќе се складираат колективно.