Emre Gürkan Abay
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
МОСКВА
Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша декрет за продолжување на забраната на руските интернет-портали и страници на социјалните медиуми во неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според оваа одлука, забраната за руските страници на социјалните медиуми „VKontakte“ и „Odnoklassniki“ и за пребарувачот „Yandexa“ е продолжена на три години.
Руските интернет-компании „Mail.ru“ и „Kaspersky“ се наоѓаат исто така меѓу компаниите на кои се применуваат санкциите на украинските власти.
Одлуката за забраната на руските интернет-компании и страници на социјалните мрежи во Украина започна да се применува во мај 2017 година.