ВАШИНГТОН (АА) - КАСИМ ИЛЕРИ/ХАКАН ЧОПУР - Изјавата на администрацијата на САД дека го почитуваат договорот постигнат меѓу терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД во Рака, Сирија, не му беше посветено внимание во американските медиуми, пишува Anadolu Agency (AA).
Договорот кој беше наведено дека е постигнат меѓу ПКК/ПЈД и ДЕАШ, во врска со повлекувањето на членовите на терористичката организација ДЕАШ и нивните семејства од Рака, сѐ уште се дискутира во меѓународната јавност.
Привлече внимание тоа што договорот со којшто им се дозволува на 350 припадници на ДЕАШ и над 4.000 членови на нивните семејства да го напуштат градот Рака, не беше на дневен ред во американските медиуми.
Особено од земјите во регионот дојдоа сериозни реакции против изјавата на Министерството за одбрана на САД (САД) и коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД, бидејќи го почитуваат споменатиот договорот, а се забележува дека привлече внимание и тишината на американската јавност околу ова прашање.
Водечките американски медиуми како „CNN“, „Washington Post“, „New York Times“, „NBC“, како и други значајни институции, во врска со оваа изјава не посветија особено внимание во своите содржини.
- Ова прашање остана актуелно преку прашањата на новинарите на АА
Напорите на новинарите на АА, кои со своите прашања, пред сѐ во Пентагон, Стејт департменот, и во другите институции, од самиот почеток ја следат „поддршката на САД за терористичката организација ПКК/ПЈД“, дадоа значаен придонес за тоа прашањето околу ПКК/ПЈД да остане на актуелно во американската јавност, како и кај надлежните власти.
САД кон крајот на 2014 година започнаа со воздушната поддршка на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија, а на почетокот на 2015 година, започнаа да им даваат помош во оружје.
Но, американските власти тврдеа дека оружјето го даваат на сириско-арапската коалиција при Демократските сили на Сирија, формирана од страна на ПКК/ПЈД, со цел спречување на можното спротивставување на земјите во регионот, особено на Турција.
Откако новинарот на АА постави прашање дали споменатото оружје оди во рацете на ПКК/ПЈД, тогашниот портпарол на Пентагон, Питер Кук, несакајќи даде информација дека дел од оружјата се дадени на ПКК/ПЈД.
Пентагон забележа дека одговорот на Кук на прашањето на новинарот од АА е проблеметичен во однос на реториката на САД, така што објави исправка на изјавата на Кук.
- Реакцијата на командантот на коалицијата против новинарот на АА го натера Пентагон да се извини
Новинарите на АА внимателно ја следат врската меѓу САД и ПКК/ПЈД, и секој настан го актуелизираат во американските институции, а ова не остана незабележано од страна на поранешниот командант на коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД, генерал-полковникот Стивен Таунсенд, кој има директна врска со ПКК/ПЈД во регионот.
Откако Таунсенд на прес-конференција тврдеше дека ПКК/ПЈД нема никаква политичка цел, новинарот на АА го постави прашањето: „ПКК/ПЈД формира кантони во регионот, ги обединува тие кантони, и во секоја пригода ги покажува своите политички цели. Како можете да бидете сигурни дека ПКК/ПЈД нема политичка цел? Дали тие ви кажаа нешто во врска со ова прашање?“
Таунсенд се вознемири и не одговори на прашањето на новинарот на АА, туку рече: „Мислам дека ти имаш политичка агенда, бидејќи твоето прашање не ми изгледа објективно“.
По брифингот за медиумите, поранешниот директор на медиумски операции при Пентагон, полковникот Џеф Дејвис, упати писмено извинување до новинарот. Потоа, портпаролот на Централната команда на САД (CENTCOM) телефонски го исконтактира новинарот и во разговорот со него истакна дека не постои проблем во неговото прашање, а потоа му се извини за настанатиот случај.
- Началникот на ГШ на САД, Данфорд, не одговори на прашањето на новинар на АА
Откако Рака беше преземена од рацете на ДЕАШ, терористичката организација ПКК/ПЈД го постави постерот на лидерот на ПКК, Абдулах Оџалан, на плоштадот во Рака, а членовите на оваа организација ослободувањето на Рака му го посветија на Оџалан.
Ова прашање, кое повторно беше донесено на дневен ред од страна на новинар на АА, не беше актуелно во ниту еден американски медиум освен „FOX News“ (Фокс њуз).
За прашањето на новинарот на АА во врска со ова, портпаролката на Пентагон, Дана Вајт, нагласи дека ќе продолжат да ја поддржуваат ПКК/ПЈД, а кратко по овој одговор на портпаролката, коалицијата за борба против ДЕАШ беше пруинудена да даде изјава.
Коалицијата соопшти дека не се согласуваат со поставувањето на тој постер и оти не го одобруваат таквото однесување. Потоа беше изјавено дека ПКК/ПЈД ја презеде Рака благодарение на идеологијата на Оџалан. По овој настан, новинарите на АА продолжија да го држат актуелно ова прашање.
Новинарот на АА за време на прес-конференцијата меѓу началникот на ГШ на САД, Џозеф Данфорд и Брет Мекгурк, специјален претставник на претседателот на САД Доналд Трамп, за борба против ДЕАШ, одржана во американската база Форт Белвор, постави прашање дали се согласуваат со оваа изјава на ПКК/ПЈД, и дали одржуваат средби со ПКК/ПЈД.
По ова прашање, Данфорд нагласи дека САД ја осудуваат ПКК како терористичка организација, додека специјалниот претставник Мекгурк не можеше речиси ништо да каже.
Односите меѓу САД и ПКК/ПЈД во Сирија, терористичкиот и сепаратистичкиот став на терористичката организација ПКК/ПЈД кон другите елементи во северниот дел на земјата, како и дискусиите околу загинатите цивили во нападите на коалицијата, се прашања што новинарите на АА често ги актуелизираат.
Од друга страна, новинарите на АА во Стејт департментот ги актуелизираа и прашањата околу политиката и ставот на САД во кризните региони како Сирија, Ирак и Аракан.