Sayed Khodaberdi Sadat
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад на влезот од салон за свадби во авганистанскиот град Кабул загинаа девет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на земјата, Наџиб Даниш, рече дека бомбашот-самоубиец активирал експлозивна направа на влезот во салонот „Касри Навин“.
Меѓу загинатите има и двајца цивили и седуммина полицајци, а деветмина се повредени.
Даниш соопшти дека цел на нападот биле членовите на политичката партија „Џамиат-е Ислами“, кои таму одржувале состанок.
Очевидците тврдат дека полицијата го забележала напаѓачот додека се обидувал да влезе во салонот, по што тој ја активирал експлозивната направа.
Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.