Betül Yürük
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американските медиуми тврдат дека американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли, поднела оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува Хејл да се состане со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.
Трамп на профилот на Твитер напиша дека наскоро ќе биде издадено соопштение во врска со Хејли.
„Ќе издадеме соопштение по состанокот во Овалниот кабинет со пријателката Ники Хејли“, напиша американскиот претседател.