İlyas Tayfun Salcı
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) - Британските здравствени работници протестираа против владата на Лондон, барајќи зголемување на платите, јавува Агенција Анадолија (AA).
Околу 200 здравствени работници се собраа пред болницата „Св. Томас“, каде што беше хоспитализиан премиерот Борис Џонсон кога беше заразен со новиот вид коронавирус.
Демонстрантите, кои носеа маски и се придржуваа до меките за социјална дистанца, го поминаа мостот „Вестминстер“ и покрај зградата на Парламентот прошетаа низ Даунинг Стрит, каде што се наоѓа Кабинетот на премиерот.
Овде, со чевли пред канцеларијата на премиерот, демонстрантите напишаа 540, бројот на здравствени работници кои починаа во епидемијата на Ковид-19.
Носеа транспаренти на кои беа истакнати проблемите предизвикани од небрежноста на Владата за здравствениот систем, особено кога станува збор за дефицит на заштитна опрема.
Тие побараа зголемување на платите заради борбата што ја водат во текот на пандемијата. Се очекува во август протестите на здравствените работници да продолжат и да се прошират во другите градови низ земјата.
За време на епидемијата во Велика Британија јавноста им аплаудираше на здравствени работници секој четврток во 20 часот, под водство на премиерот Борис Џонсон.
Недостатокот на маски и слична заштитна опрема за здравствените работници во земјата прерасна во криза.