Alma Çekovic
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Холивудската актерка и специјален пратеник на високиот комесар на ОН за бегалци, Анџелина Џоли, предупреди дека меѓународниот хуманитарен систем за бегалци колабира поради стравот од миграциите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џоли зборувајќи за Би-Би-Си на дебатата "World On the Move", која покрива прашања за глобалната миграција, повика на сузбивање на „стравот од миграции“, истакнувајќи дека „сега е генерацискиот моментот кога нациите треба да се извлечат заедно“.
Џоли-Пит потсети дека 60 милиони луѓе се глобално раселени, што е повеќе од било кога во последните 70 години.
„Ова ни говори нешто длабоко загрижувачки во врска со мирот и безбедноста во светот. Конфликтите и нивото на раселување толку нараснаа, што потфрли системот кој ги штити и враќа бегалците“, соопшти Џоли.
„Доколку куќата на вашиот сосед гори, вие не сте на сигурно доколку ја затворите вратата. Силата лежи во тоа да не се плашиш. Доколку се здружиме, ќе успееме да го одржиме столетието, во спротивно ќе настане хаос", додаде Џоли.
Ги поздрави напорите на државите, како што се Турција, Либија, Етиопија и Јордан да ги згрижат бегалците од земјите зафатени со војна на Блискиот Исток, истакнувајќи дека Европа е само „дел од глобалниот проблем".
„Ние на Западот ниту сме во центарот на бегалската криза, ниту пак сме, во поголем дел од случаевите, оние кои најмногу се жртвуваат", заклучи Џоли.