Adham Kako
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал-Асад реагираше против планот на Соединетите Американски Држави (САД) за милитаризирање на терористичката организација ПЈД/ПКК во северниот дел на Сирија и ја окарактеризира како предавник, пренесува Anadolu Agency (AA).
САНА, новинската агенција блиска на режимот на сирискиот претседател Асад, соопшти дека извор од Министерството за надворешни работи го осудил планот на американските власти за милитаризирање на ПЈД/ПКК.
Во веста се наведува дека ставот на САД е еден отворен напад врз суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Сирија.
Претставник на режимот во изјава за САНА истакна дека оние кои се наоѓаат во редовите на ПЈД/ПКК поддржани од страна на САД, се предавници.
Портпаролот на коалицијата за борба против ДЕАШ, под водство на САД, полковникот Рајан Дилон, претходно во изјава за АА истакна: „Коалицијата работи во партнерство со Сириските демократски сили (СДС), параван на ПЈД/ПКК, за формирање на новите Сили за гранична безбедност на Сирија“.
АА во веста објавена на 9 јануари го откри овој план на САД и терористичката организација.
Се знае дека Асадовиот режим и ПЈД/ПКК, меѓу кои немаше големи судири од почетокот на граѓанската војна, сѐ уште соработуваат во повеќе области. Двете страни заедно ги штитат нафтените полиња и спроведуваат заеднички воени вежби и операции.
Според картографските мерења на АА, ПЈД/ПКК окупирала една четвртина од територијата на Сирија, чија вкупна површина изнесува 185 илјади километри квадратни.
Министерот за надворешни работи на сирискиот режим, Велид Муалим, на 26 септември 2017 година соопшти дека може да се преговара за барањето на ПЈД/ПКК за автономија, но, на преговорите одржани во октомври минатата година не беше постигнат договор меѓу оваа организација и разузнавачката служба на режимот.
Страните се договорија за координирање на управувањето и безбедноста на одредени подрачја во центарот на градот Алепо кои се под контрола на оваа организација.