Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 7 лица загинаа, а над 20 се повредени во пожар кој изби во зграда во Дака, главниот град на Бангладеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избил во 19-катницата „FR Tower“, во населбата Банани каде што се наоѓаат канцеларии на различни фирми.
Пожарникарот Мухамед Расел потврди дека 19 единици се наоѓаат на терен и дека пожарот е ставен под контрола. Поддршка дадоа и единиците на морнарицата и воздушните сили.
Спасуваа и лица кои се наоѓаа на покривот на зградата. Локалните медиуми наведуваат дека 6 лица скокнале од зградата која била во пламен. Објавени се и снимки на кои можат да се видат луѓе блокирани на повисоките катови како бараат помош.
Најмалку 81 лице загинаа, а 41 се повредени во пожар кој во февруари изби во стариот дел на Дака. Пожарот изби во еден објект во стариот центар на градот, односно во квартот Чавкбазар, а пламенот брзо се прошири и на соседните згради.
Станува збор за кварт во кој зградите се раздвоени со тесни улици и во приземните катови главно се наоѓаат продавници и магацини.