Oktaj Omeragikj
22 Ноември 2024•Ажурирај: 23 Ноември 2024
СКОПЈЕ (АА)
- Октај ОМЕРАГИЌ
Секојдневие во крајбрежниот град Батрун во северен Либан. Градот се наоѓа на 54 километри северно од главниот град Бејрут, 30 километри јужно од Триполи, вториот по големина град во земјата, на брегот на Средоземното Море, известува Анадолу.
Иако либанската администрација сѐ уште нема спроведено официјален попис поради секташки причини, се смета дека градот има популација од околу 50.000 лица.
- Историјат на градот
Градот Бетрун кој датира од 14 век п.н.е., се наоѓа во истоимениот округот во северната провинција Шимал, во округот Бетрун и е еден од најстарите сè уште населени градови во светот.
Бетрун е основан од Феничаните на јужната страна на ртот. Градот првенствено бил наречен Теопросопон, а за време на Византиската империја бил именуван рт Литопросопон.
За време на римскиот период градот бил дел од Феникиската провинција. Во 551 година, Бетрун е уништен од силен земјотрес кој предизвикал и лизгање на земјиштето. Историчарите веруваат дека големото природно пристаниште на Бетрун било формирано за време на земјотресот.
Грчката православна епархија постои во Бетрун од X век, кога градот бил наречен Петроунион. Откако регионот бил освоен од муслиманите, градот бил именуван во Бетрун.
Во 1104 година Бетрун бил освоен од крстоносците. Градот бил познат како Лордоство Бетрун, како дел од округот Триполи, сè до 1289 година, кога бил освоен од султанатот Мемлук.
Под отоманска власт, во периодот 1517 - 1690 година Бетрун бил населено место како дел од провинцијата Триполи.
Во 19 век градот бил дел од Мутасарифат (санџак) на планината Либан.
- Туризмот во Бетрун
Бетрун е важен туристички центар во северен Либан. Во градот има голем број историски маронитски и грчки православни цркви. Бетрун има активен ноќен живот. Градот, кој се издвојува со своите градини со цитруси, познат е по свежата лимонада во кафулињата и рестораните на главната улица што се продава уште од почетокот на дваесеттиот век.
Меѓународниот фестивал „Бетрун“ се одржува во градот од 2009 година. Фестивалот е домаќин на водечки локални и меѓународни уметници и обично се одржува во подрачјето на старото пристаниште во јули или август секоја година.
Едно од најзначајните археолошки локалитети на Бетрун со големо туристичко значење е тврдината Мсеила, изграден на голема изолирана карпа со стрмни страни, опкружена со планини.
Локалното население и туристите со задоволство ги посетуваат плажите и историските и туристичките атракции на градот.