Betül Yürük
03 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
ЊУЈОРК (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека Вашингтон не разговара за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја наспроти заканите од Северна Кореја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во разговори за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање и дека Вашингтон е доста позитивен во однос на идејата.
Сепак, Бајден накратко и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.
Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестирања на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.