Jeyhun Aliyev
25 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека Соединетите Американски Држави (САД) се во чекор да го завршат повлекувањето на своите војници од Авганистан до нивниот рок, 31 август, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Колку побрзо завршиме, толку подобро“, рече тој на прес-конференција во Белата куќа, додавајќи „секој ден од операциите носи дополнителен ризик за нашите војници“.
„Завршувањето до 31 август зависи од тоа дали талибанците ќе продолжат да соработуваат и дали ќе дозволат пристап до аеродромот за оние што треба да ги пренесеме надвор, без нарушување на нашите операции“, рече тој.
Бајден нагласи дека САД до вчера попладне им помогнале на 70.700 луѓе да го напуштат Авганистан, истакнувајќи дека од крајот на јули, евакуирани се вкупно 75.900 лица.
Тој, исто така, потенцира дека во последните 12 часа САД евакуирале 12.000 лица од Авганистан, од кои 6.400 со американски воени летови и 5.600 со летови на коалицијата.
Говорејќи за бегалците и евакуираните кои моментално бегаат од Авганистан, претседателот рече дека САД „ќе бидат лидери во овие напори“. Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница и американските партнери да го сторат истото.
Бајден рече дека САД во моментов работат на преселување на илјадници Авганистанци кои работеа за нив.
„Секој што ќе пристигне во САД ќе биде подложен на проверка“, рече тој, додавајќи „сите ние мора да работиме заедно за да преселиме илјадници Авганистанци кои на крајот се квалификуваат за статус на бегалци“.
Тој додаде дека САД тесно соработуваат со организациите за бегалци за повторна изградба на системот.
Програмата за бегалци „намерно беше уништена од мојот претходник“, рече Бајден.
Осврнувајќи се на виртуелниот состанок на лидерите на Г7, за тоа како нациите можат да се здружат за поддршка на авганистанскиот народ, американскиот претседател рече: „Ќе останеме обединети за она што треба да го направиме. Ќе го направиме тоа.“
Тој истакна дека сите лидери на Г7 и лидерите на Европската Унија, НАТО и ОН се согласиле дека ќе ги преземат сите потребни чекори за да спречат Авганистан „да се користи како база за тероризмот“.
Бајден ја напушти Рузвелтовата соба во Белата куќа без да одговори на прашањата на новинарите.
Де факто правилата на Авганистан јасно ставија до знаење дека талибанците не се подготвени да прифатат продолжување на американската мисија по август.