Mahmoud Barakat
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) – Бројот на лица од Алепо кои неодамна се засолнија во северниот сириски град Џарабулус достигна 200 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Џарабулус стана безбедно засолниште за бегалците од Алепо“, истакна за АА Ибрахим Хадад, кој го надгледува шаторскиот град поставен во Џарабулус.
Според Хадад, турската Влада обезбедила 18 големи хангари во шаторскиот град, во кој може да се сместат стотици бегалци.
„Примивме многу луѓе од централен Алепо“, вели Хадад. „Потребни ни се кревети и грејачи. Со божја волја, тие наскоро ќе бидат обезбедени од Турција“.
Откако терористите на ДЕАШ минатата година беа расчистени од Џарабулус, во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, градот стана дестинација за бегалците од сите краеви на Сирија.
Населението во Џарабулус сега се зголеми на 30.000, во споредба со само 3.500 пред оваа офанзива.
Многумина од бегалците што неодамна пристигнаа во Џарабулус изградија импровизирани домови или шатори и се издржуваат со турската хуманитарна помош.
Мустафа Ахмед, кој вели дека загубил две деца за време на опсадата на режимот на Асад во Алепо, за АА изјави дека се преселил во Џарабулус за да го спаси останатиот дел од семејството.
„И покрај нашите ограничени ресурси (во Џарабулус), благодарни сме што живееме на безбедно“, вели тој.
„Да се живее без постојан страв од смрт е нешто многу значајно за нас“, додава Ахмед. „Ѝ благодариме на Турција и на сите други одговорни“.
„Со божја волја, ќе започнеме нов живот тука“, додава тој.
На 30 декември, со посредство на Турција и Русија стапи на сила договорот за прекин на огнот во Сирија.