Serdar Dincel
23 Февруари 2025•Ажурирај: 24 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп е уверен во неговата способност да издејствува договор со Русија за ставање крај на украинскиот конфликт, сугерирајќи дека тригодишната војна би можела да заврши веќе оваа недела, јавува Анадолу.
„Претседателот и неговиот тим се фокусирани на продолжување на преговорите со двете страни од оваа војна со цел да се стави крај на конфликтот, и претседателот е многу уверен дека може да се заврши оваа недела“, изјави Ливит за новинарите по враќањето од Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC).
Изјавите дојдоа откако Трамп рече дека украинскиот претседател Владимир Зеленски „нема карти“ и дека треба да биде исклучен од идни мировни преговори со меѓународните лидери.
Левит истакна дека американскиот советник за национална безбедност, Мет Валц, ќе работи „деноноќно“ овој викенд за договор и истакна дека министерот за финансии Скот Бесент бил вклучен во разговорите за предложениот договор со Украина за искористување на нејзините минерали.
„Кога станува збор за клучните минерали, ова е важен дел за претседателот. Тоа е многу важно за претседателот бидејќи ќе ги врати американските долари од даноците“, истакна портпаролката.
„Исто така, тоа ќе биде одлично економско партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и за украинскиот народ, обновувајќи ја нивната земја по оваа брутална војна“, додаде Ливит.