свет

Јосемитскиот национален парк – природен рај што привлекува милиони посетители

Националниот парк, кој се протега по падините на планинскиот венец Сиера Невада, изобилува со прекрасни гранитни карпи, водопади, реки и шуми

Aida Cako  | 23.02.2025 - Обновена : 23.02.2025
Јосемитскиот национален парк – природен рај што привлекува милиони посетители Фото: Tayfun Coşkun/АА

ЈОСЕМИТИ (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија се наоѓа Јосемитскиот национален парк, еден од најпопуларните места во светот, јавува Анадолу.

Националниот парк, кој се протега по падините на планинскиот венец Сиера Невада, изобилува со прекрасни гранитни карпи, водопади, реки и шуми.

Овој национален парк во 1984 година УНЕСКО го стави на Листата на светското наследство.

Паркот зафаќа површина од приближно 310 илјади хектари, а секоја година привлекува околу четири милиони посетители.

Меѓу најпознатите природни атракции е Јосемитската Долина, седум милји долг кањон со импресивни карпести формации, меѓу кои и Ел Капитан – највисок гранитен монолит во светот и позната дестинација за качување по карпи.

Јосемитските водопади, најголеми во Северна Америка, привлекуваат најмногу посетители во пролет, кога нивниот проток е најсилен поради топењето на снегот.

Паркот е познат и по џиновските секвои, стари над 3.000 години.

Со природната убавина и историското значење како прв простор во САД посветен на рекреацијата и уживањето, Јосемитскиот национален парк останува симбол на зачуваната природа и инспирација за генерации посетители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.