Amir Latif Arain
26 Мај 2024•Ажурирај: 27 Мај 2024
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во големото лизгање на земјиштето што срамни со земја села во Папуа Нова Гвинеја се искачи на 670, соопшти денес Агенцијата за миграции на Обединетите нации, јавува Анадолу.
Повеќе од 150 куќи се закопани само во селото Јамбали, објави Австралиската радиодифузна корпорација, цитирајќи го Серхан Актопрак, официјалниот претставник на мисијата на агенцијата во Папуа Нова Гвинеја.
Спасувачите денес, трет ден по ред, трагаат низ купиштата земја и камења по евентуални преживеани во големото свлечиште што ја погоди оваа пацифичка земја, објавија локалните и меѓународните медиуми.
Службите за вонредни состојби ги преместија погодените на побезбедни локации, а надежта за наоѓање преживеани под урнатините секој изминат момент е сѐ помала.
Огромното лизгање на земјиштето во петокот опустоши шест села и затрупа речиси 1.200 куќи во провинцијата Енга, на околу 600 километри северозападно од главниот град на земјата Порт Морезби.
Свлечиштето го блокираше и патот што води до Поргера, гратче со голем рудник за злато.
Според хуманитарната група CARE Australia, од лизгањето на земјиштето погодени се над 4.000 луѓе.
Се наведува дека лизгањето на земјиштето оставило остатоци земја и камења со висина до 8 метри на површина од 200 квадратни километри, отсекувајќи ги патиштата и ги отежнувајќи ги акциите за помош.
Хеликоптерите се единствениот начин да се дојде во областа.