Associated Press
23 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
ХЕЛСИНКИ (АА) - Свлечиште во западна Шведска утрово создаде голем дупка на главниот автопат кон Норвешка. Свлечиштето предизвикало излетување на автомобили и автобус. Во несреќата се повредени 3 лица, известува Анадолу.
Фотографии и видеоснимки на социјалните мрежи прикажуваат дупка широка 500 метри, која се отворила на автопатот Е6, кој се протега од јужна Шведска до Норвешка, недалеку од Гетеборг, вториот по големина град во Шведска.
Полицијата информираше дека најмалку 4 автомобили и автобус излетале од патот, при што 3 лица се хоспитализирани. Оштетени се неколку згради и објекти, вклучувајќи и ресторан Бургер Кинг.
Причина за свлечиштето не е позната. Шведските медиуми наведуваат дека во оваа област се водени значителни градежни активности, кои вклучуваат минирања и ископувања. Изминатите денови паднало и големо количество дожд. Шведската полиција поведе истрага во врска со настанот.