Ata Ufuk Şeker
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници работници излегоа денес на улиците на Брисел во знак на незадоволство поради реформите на пензискиот систем, јавува Anadolu Agency (AA).
Работниците се собраа на повик на различни синдикати. Се собраа во утринските часови, во близина на Железничката станица во центарот на Брисел на протестен марш.
Работниците, кои дојдоа од различни градови, извикуваа различни слогани против Владата и носеа транспаренти со натписи против пензиските реформи.

И покрај лошите временски услови, протестите траеја неколку часа. Насобраните ја повикаа белгиската Влада да направи измени кога се во прашање условите за пензионирање. Поради протестите дојде и до попречување во функционирањето на јавниот превоз, а забележани се и откажувања на голем дел од линиите на метрото, трамваите и автобусите.
Демонстрантите на овој начин реагираа на одлуката на Владата за подигање на старосната возраст за пензионирање и промената на отпремнината.