Elena Teslova
03 Ноември 2022•Ажурирај: 04 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Русија денеска ја повика британската амбасадорка во Москва поради минатонеделните напади врз Црноморската флота, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што известуваат медиумите, амбасадорката Дебора Бронерт ја напуштила зградата на Министерството без да даде некакви коментари.
Вчера, портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова, рече дека украинската војска извршила напади во црноморското пристаниште Севастопол врз руската војска под раководство на британски воени стручњаци.
Захарова рече дека ќе биде повикана британската амбасадорка на која ќе ѝ бидат презентирани доказите што ги има Русија за наводната вмешаност на Велика Британија во нападите.
Во посебна изјава истиот ден, руското Министерство за одбрана истакна дека Москва ја продолжува имплементацијата на Договорот за жито, во кој во саботата го суспендира своето учество, откако доби гаранции од Украина за некористење на хуманитарниот коридор за напади.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораката.