Burak Bir
20 Декември 2023•Ажурирај: 21 Декември 2023
ЛОНДОН (АА) - Британската национална здравствена служба (NHS) се очекува да се соочи со големи тешкотии во обезбедувањето медицински услуги бидејќи помладите лекари, кои сочинуваат 50 отсто од медицинската работна сила, денес започнаа нова рунда штрајкови, јавува Анадолу.
Лекарите од понизок ранг, членови на Британската медицинска асоцијација (БМА), ќе штрајкуваат 72 часа низ Англија поради неможноста да постигнат договор за платите.
Штрајкот започна денес во седум часот и ќе трае до 19 часот во сабота.
Потоа ќе следува шестдневен целосен прекин од 3 до 9 јануари, со вкупно 216 часа штрајк што, според БMA, ќе биде „најдолгиот штрајк во историјата на Британската национална здравствена служба.“
Пред штрајкот, Британската национална здравствена служба предупреди на „сериозно нарушување“ во време кога услугите веќе се под значителен зимски притисок.
Стивен Пауис, медицинскиот директор на Британската национална здравствена служба (NHS), рече дека штрајковите ќе предизвикаат „масовно нарушување“ во работата, при што службите веќе го чувствуваат притисокот.
Според податоците на здравствените служби во земјата, повеќе од 1,1 милион термини во болниците и амбулантите се одложени за нешто повеќе од една година поради штрајкови.