Sarp Özer
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, утре ќе допатува во официјална посета на Туркије (Турција), јавува Агенција Анадолија (АА).
Валас, кој ќе ја посети Анкара на покана на министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, ќе биде пречекан со воена церемонија во Министерството за национална одбрана.
Валас и Акар ќе имаат тет-а-тет средба, а исто така ќе претседаваат во средбите меѓу делегациите.
На средбите се очекува да се разговара за билатералната и регионалната одбранбена безбедност и соработката во одбранбената индустрија, како и за случувањата во Украина.
Министерот за одбрана на Туркије, Акар и британскиот министер за одбрана, Валас, се сретнаа во Брисел на 15 јуни во рамки на состанокот на министрите за одбрана на НАТО. Исто така, беше одржан и трилатерален состанок на кој присуствуваше и министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников.