свет

Британскиот премиер во Парламентот рече дека во Газа не се врши геноцид

„Добро ја знам дефиницијата за геноцид и затоа никогаш не сум го опишал ова како геноцид и не сум го нарекол геноцид“

Mehmet Solmaz  | 13.11.2024 - Обновена : 14.11.2024
Британскиот премиер во Парламентот рече дека во Газа не се врши геноцид

БИРМИНГЕМ (АА) - Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денес пред Парламентот изјави дека Израел не врши геноцид врз Палестинците во Газа, јавува Анадолу.

За време на прашањата за премиерот во Долниот дом, независниот пратеник Ејуб Кан ги поттикна коментарите на министерот за надворешни работи Дејвид Лами, кој неодамна рече дека терминот геноцид се однесува на ситуации „кога милиони луѓе ги губат животите во кризи како во Руанда, Втората светска војна при холокаустот“ и дека неговото користење за да се опише ситуацијата во Газа „сега ја поткопува [неговата] сериозност“.

Потоа Кан изјави дека зборовите на Лами не се прифатливи.

„Член 2 од Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид јасно кажува дека геноцид не се однесува на бројки, туку на намера. Намерите на израелската Влада и ИДФ (Израелските одбранбени сили) беа експлицитно јасни со зборови и со постапки во изминатите 400 дена, над 45.000 невини мажи, жени и деца се убиени.“

Пратеникот рече дека министерот за надворешни работи експлицитно негирал дека воопшто се случува геноцид и „сугерираше дека израелската армија сè уште не убила доволно Палестинци“ за тоа да претставува геноцид.

„Дали премиерот ќе ја сподели својата дефиниција за геноцид со овој Дом?“, праша тој.

Во својот одговор Стармер рече: „Би било мудро вакво прашање да се започне со осврнување на она што се случи во октомври минатата година. Добро ја знам дефиницијата за геноцид и затоа никогаш не сум го опишал ова како геноцид и не сум го нарекол геноцид.“

Франческа Албанезе, специјална известувачка на Обединетите нации (ОН) за окупираните палестински територии, која моментно е во посета на Велика Британија, континуирано го повторува своето мислење дека тоа што се случува во Газа се квалификува како геноцид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.