Dilara Karataş
18 Мај 2025•Ажурирај: 19 Мај 2025
ЊУЈОРК (АА) - Две лица загинаа, а 19 лица се повредени, според првичните извештаи, кога брод за обука на мексиканската морнарица се урна во Бруклинскиот мост во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Моментите кога бродот удира во Бруклинскиот мост брзо се проширија на социјалните мрежи, а властите соопштија дека според првичните извештаи повредени се 19 лица.
При несреќата, која се случи во 20:26 часот по локално време, во бродот се наоѓале 277 членови на екипажот.
Снимките од камерите покажуваат како јарболите на бродот удираат во мостот и се кршат.
По несреќата, на повредените им е укажана медицинска помош, а бродот потоа е пренесен до брегот.
- Во несреќата животот го загубија 2 лица -
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, се огласи во врска со несреќата преку платформата на социјални мрежи X.
Адамс рече дека бродот се урнал во мостот поради механички проблеми, и дека две лица кои биле тешко повредени во несреќата им подлегнале на повредите.
Адамс истакна дека според прелиминарните истраги, мостот не претрпел никаква штета во несреќата.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изрази сочувство во објава на својот профил на платформата X.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.