Dmitri Chirciu
17 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Во Николајевската област во Украина се сруши хеликоптер од типот „МИ-2“, при што загинаа две лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди украинската Служба за итни состојби.
Во соопштението се нагласува дека хеликоптерот се срушил во близина на село Зајве кое се наоѓа во Николајевската област.
Се истакнува дека како резултат на оваа несреќа загинале пилотот на хеликоптерот, како и неговиот помошник.
Според соопштеното, се води истрага за откривање на причината за оваа несреќа.