Merve Aydoğan
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 200 други се повредени откако тајфунот „Трами“ ги зафати претежно северните и источните делови на Јапонија вчера и денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Кјодо“ (Kyodo) локалните власти денес соопштиле дека во налетот на тајфунот во подрачјето на Јаманаши, Шига, Кјото и Тотори починале четири лица, додека едно лице исчезнало во Мијазаки.
Над еден милион домови низ земјата имаа прекин на снабдувањето со електрична енергија, додека откажувањата и одложувањата на железничките услуги влијаеа врз околу 910.000 жители.
Јапонија ја зафатија неколку тајфуни оваа година од кој последниот, тајфунот „Џеби“, во септември го однесе животот на 11 лица, а стотици лица беа повредени.