Ömer Aydın
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
ПАРИЗ (АА) - Извршена е рација во здружението „Centre Zahra France“ во градот Гран-Синт, во северниот дел на Франција, во која беа вклучени 200 полицајци, при што се приведени 11 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Le Figaro“, полициските служби поддржани и од специјалните единици, во 06:00 часот по локално време извршија рација во зградата на ова здружение и на 12 различни адреси на кои се наоѓале раководителите на ова здружение.
Одлуката за спроведување рација е донесена под обвинение дека раководителите на здружението давале отворена поддршка за терористичките организации.
Во рациите извршени во здружението „Centre Zahra France“ кое фунционира од 2005 година, и врз неговите раководители, приведени се 11 лица, и за шест месеци е замрзнат имотот на ова здружение кое вршело активности во корист на Хезболах од Иран и Либан.
Од друга страна, денес во Службениот весник на Франција е објавена одлуката за замрзнување на сопственоста и на Антиционистичката партија, како и на Шиитската федерација на Франција, која е позната по тоа што е блиска со „Centre Zahra France“.